Дома Фудбал Германија Оливер Кан: Не сме луди, Левандовски останува со нас!

Оливер Кан: Не сме луди, Левандовски останува со нас!

Баерн доживеа вистински шок со елиминацијата од Лигата на шампионите од Виљареал во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Се очекуваше Баерн да има лесна задача со Виљареал, но на крајот шпанскиот тим успеа да излезе како подобар во двомечот. Во двете натпревари со вкупни 2:1 Виљареал беше подобар од гигантот од Минхен.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Стрелецот на единствениот гол за Баерн беше Роберт Левандовски за кого многу се шпекулира во претходните недели. Ставот на Баерн е јасен, во Минхен немаат намера да го продадат Левандовски, а тоа пред мечот со Виљареал тоа го потврди Оливер Кан.

„Не сме луди, зборуваме за играч кој постигнува 30-40 голови секоја сезона. Сигурно ќе биде со нас уште една сезона“, изјави Кан.

Во претходните денови на големо со Левандовски се поврзуваше Барселона која наводно му нуди договор вреден 30 милиони евра. Останува да се види дали и оваа елиминација на Баерн ќе влијае и на одлуката на Левандовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Анчелоти прв разбра каков товар го чека Модриќ, го замоли Перез и доби ладен одговор: “Не!”

Карло Анчелоти се соочува со потенцијално отпуштање од клупата на Реал Мадрид и неговото з…