Кошаркарите на Сан Антонио и Оклахома одиграа вистински класик во НБА лигата, а се истакна Лемаркус Олдриџ.
Во натпреварот кој беше обележан со голем број поени славеа домаќините со резултат 154:147. Домаќините првата четвртина ја решија во своја корист со 33:23, за Оклахома да биде подобра во вториот период со 40:37.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во продолжение од натпреварот исто така беа видени голем број поени, но не добивме победник. Иако Спарсите во последната четвртина влегоа со предност од осум поени разлика.
Гостите успеаа да ја стигнат таа разлика и да го одведат натпреварот во продолженија.
И таму имаше многу поени, а Спарсите на крајот славеа со 24:17 за победа во овој натпревар.
До победа домаќините ги предводеше Олдриџ кој уфрли неверојатни 56 поени, а покрај тоа додаде девет скокови и четири асистенции. Од игра шутираше 20/33. Добар беше и Дерик Вајт со 23 постигнат поени и осум асистенции. Кај Оклахома Пол Џорџ уфрли 30 поени и додаде осум скока, додека Вестбрук оствари трипл-дабл со 24 поени, 13 скокови и 24 асистенции.
https://youtu.be/lbcJa2gbwLw