Дома Кошарка Бламажа на Оклахома: Мемфис стигна до најубедливата победа во историјата на НБА!

Бламажа на Оклахома: Мемфис стигна до најубедливата победа во историјата на НБА!

Тимот на Оклахома влезе во историјата на НБА со највисокиот пораз во најсилната кошаркарска лига.

Изминатата ноќ Оклахома беше поразена од Мемфис со 73 поени разлика (79:152) и тоа е највисокиот пораз на една екипа во НБА. Мемфис така стигна до најубедливата победа.

Рекордот претходно го држеше Кливленд кој во 1991 година славеше против Мајами со 68 поени разлика (148:80). Џексон беше најефикасниот кај Мемфис со 27 поени. Во редовите на Оклахома Мелтон уфрли 19. За Мемфис ова беше трета победа во низа, а за Оклахома осми пораз во низа.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Њујорк – Чикаго 115:119, Торонто – Милвоки 97:93, Мемфис – Оклахома 152:79, Феникс – Детроит 114:103, Портланд – Сан Антонио 83:114.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

МЗТ во Варшава бара крај на европската низа порази

МЗТ Скопје вечерва од 19 часот гостува кај Џики во петтото коло од ФИБА Еврокупот. Македон…