Англиските медиуми пренесуваат дека Месут Озил може да се врати во Премиер лигата и да го облече дресот на Њукасл.
Искусниот играч за врска не е премногу задоволен од животот во Истанбул и сериозно размислува да се врати на Островот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Озил во јануари го напушти Арсенал после седум години и се пресели во Фенербахче, а сега за него интерес покажува Њукасл.
Богатите сопственици сакаат да направат конкурентен тим на „Сент Жејмс Парк“ и се спремни да испратат богата понуда до Германецот.