Дома Македонски спорт Мак ракомет Одредени датумите за дуелот Вардар – Фленсбург!

Одредени датумите за дуелот Вардар – Фленсбург!

Европската ракометна федерација (ЕХФ), денес ги објави термините во кои ќе се играат четвртфиналните натпревари во Лигата на шампионите.

Четвртфиналната фаза ќе ја отворат Фленсбург и македонскиот шампион Вардар. „Црвено-црните“, во походот кон Келн, најпрвин ќе гостуваат во Фленсбург, а потоа ќе го пречекаат поранешниот европски првак во Скопје.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Фленсбург ќе го пречека Вардар во сабота на 22.април од 17:30 часот, а реваншот во Скопје е на 27.април, а почетокот е закажан за 19 часот.

Својот прв четвртфинален натпревар на 22.април ќе го одиграат Веспрем и Монпелје, реваншот во Франција е на 30.април.

Ден подоцна, на 23.април, своите први натпревари ќе ги одиграат Кил и Барселона, односно Пик Сегед и ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Изјави дека сака да игра за Македонија, а сега беше херој на својот тим со гол од слободен удар во 93 минута 🎥

Андреј Тодороски продолжува со добрата форма во српската Суперлига во дресот на Спартак. Ф…