Герет Бејл поради повреда е надвор од терените уште од септември. Поради тоа ги пропушти и клучните натпревари за Велс во квалификациите, но и покрај тоа доби повик за пријателскиот натпревар против Франција.
Во Реал веруваат дека одлуката на Бејл да се придружи на репрезентацијата е само негов план да го исфорсира заминувањето од „Сантиаго Бернабеу“. Изгледа дека успеал во намерата бидејќи претседатеделот Флорентино Перез е многу лут и е спремен да го продаде уште во јануари, пренесуваат шпанските медиуми.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бејл во Реал пристигна 2013 година од Тотенхем за тогаш рекорден трансфер и освои три титули во Лигата на шампиони, но поради повреда минатата сезона одигра само 19 натпревари.
Во последниет две сезони Велшанецот е повеќе во болница отколку на терен, па Реал донел одлука да го продаде и да направи место за доведување на нова ѕвезда во нападот.
Како најсериозен кандидат за неговиот потпис се споменува Манчестер Јунајтед, но во трката сигурно ќе се приклучи и Пари Сент Жермен.