Одлични вести пристигнуваат денес за одбојката во нашата земја – Македонија сигурно ќе игра на ЕП 2023 откако ја добивме честа да бидеме едни од домаќините!
Веста на премиерот Зоран Заев и челниците на ОФМ ја соопшти првиот човек на европската одбојка, Александар Борички и тоа на состанок во македонската Влада.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„„Сега, кога Владата ја поддржува организацијата на големите европски настани според највисоки стандарди, а тоа се однесува на Европската сребрена лига 2021, на Европското првенство за одбојкарки до 19 години во 2022, како и на една група од сениорското машко Европско првенство во 2023, можам да кажам дека Одбојкарската федерација на Македонија им се доближи на најдобрите организатори на големите одбојкарски настани во Европа“, изјави Боричиќ.
Со ова после премиерниот настап на едно ЕП во 2019 година и пласманот на претсојното Европско кое ќе се игра во септември оваа година Македонија ќе биде дел од елитното друштво и во 2023 година.