Барселона се ослободи од Самуел Умтити и така заштеди голема сума на пари од неговиот договор.
Умтити имаше договор со Барселона до летото 2026 година меѓутоа двете страни успеаа да пронајдат заеднички јазик и освојувачот на Мундијалот од 2018 година ќе биде слободен во изборот на новата средина.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Каталонците за него не ќе можат да бараат оштета, но тоа го компезираа со тоа што заштедија 20 милиони евра колку што ќе требаше да му исплатат на Умтити до крајот на договорот.
Умтити е првиот играч кој ја напушта Барселона ова лето, но сигурно нема да биде и последен. Лапорта работи обезбедување финансиска стабилност и одредени заминувања се неопходни.
Умтити за Барселона одигра 133 натпревари од доаѓањето во 2016 година.