Дома Македонски спорт Мак фудбал Одличен потег на Шкупи: За натпреварот против Пјуник на стадион ќе може да се влезе бесплатно!

Одличен потег на Шкупи: За натпреварот против Пјуник на стадион ќе може да се влезе бесплатно!

Во четврток на арената „Тодор Проески“ Шкупи ќе игра реванш против Пјуник во рамките од квалификациите за Лигата на Европа.

Шкупи на гости во Ерменија одигра 3:3 и тоа е поволен резултат иако македонскиот претставник беше блиску до уште по поволен резултат бидејќи два гола Шкупи прими во последните десетина минути од натпреварот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Пред овој натпревар од таборот на Шкупи се одлучија на еден одличен потег – билетите ќе бидат беспплатни!

„Сакаме да информиравме дека сите гледачи кои ќе сакаат да го следат овој меч ќе добијат бесплатни билети. Во ситуација кога сме блиску до пласман во втората квалификациска рунда, неопходна ни е максимална поддршка, па затоа ги покануваме сите да дојдат и да ни дадат сила против Ерменците“, објавија од Шкупи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…