Талентираниот Мартин Одегард оваа сезона конечно започна да го прикажува неговиот потенцијал играјќи во првата лига во Холандија во дресот на Витесе.
Добрите настапи на фудбалерот од кој Реал Мадрид и фудбалскиот свет имаа големи очекувања наводно биле забележани од Ајакс кој покажал да го интерес да го ангажира.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Одгард во Реал Мадрид пристигна кога имаше 16 години и беше дел вториот тим на Реал, Кастиља каде што соработуваше и со Зидан. Одегард знае како е да се работи со Зидан, па сега даде свој коментар на оваа тема.
„Тоа што Зидан се врати навистина е позитивна вест за сите во клубот. Позитивна е во секој поглед, тој имаше голем успех и знае како работи клубот. Според мене неговото враќање беше најдобриот избор во овие моменти. Неговото враќање е исто така добра работа и за мене бидејќи ние двајца одлично соработувавме и јас знам што тој бара од играчите“, изјави Одегард кој сега како 20 годишник се надева дека ќе добие нова шанса во Мадрид.