Македонската одбојкарска репрезентација денес ги доби Австрија, Летонија и Косово за противници во новата сезона од Европската лига.
Нашите репрезентативци за првпат ќе играат со Косово и Летонија, додека со Австрија имаат играно минатата сезона, кога победивме во полуфиналето.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Европската одбојкарска федерација дополнително треба да го одреди системот на натпреварување за оваа сезона и распоредот.
Во изминатите три години Македонија секогаш стигнуваше до финалето но не успеа да дојде до златото.