Дома Фудбал Останато Од Хрватска јасни: Ако Барселона направи нешто такво ќе добие тужба!

Од Хрватска јасни: Ако Барселона направи нешто такво ќе добие тужба!

На интернет сега се појавија фотографии од дресот на Барселона за новата сезона и истите многу потсетуваат на оние на Хрватската репрезентација.

Во Шпанија се убедени дека Барселона наредната сезона ќе настапи во коцкести дресови што ќе биде прв пат во историјата на каталонскиот клуб. Овие дресови многу потсетуваат на оние на репрезентацијата на Хрватска.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Од Хрватска не стигнува баш убав коментар на ваквата одлука на Барселона бидејќи веруваат дека тоа е нивни заштитен знак. Дизајнерот Борис Љубичиќ за хрватските медиуми изјави дека тоа не е фер од страна на каталонскиот клуб.

Тоа не е коретно од нивна страна. Нашиот дрест треба да биде под заштите и некој не би смеел да направи нешто такво. Сите знаат дека тоа е заштитен знак на Хрватска, го видовте тоа на Светското првенство. Сакам да ја предупредам Барселона дека ако направи нешто такво тогаш ќе мора да оди на суд. Сојузот мора да го заштити својот бренд“, порача Љубичиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мусиала во спектакуларен трансфер од 150 милиони евра го напушта Баерн!

Мусиала ја започна својата кариера во академијата на Челси, а во 2019 година премина во Ба…