Дома Фудбал Лига на шампиони Од Тотенхем и ПСВ едногласни: „Вембли“ беше во катастрофална состојба

Од Тотенхем и ПСВ едногласни: „Вембли“ беше во катастрофална состојба

van bommel

Tренерот на ПСВ, Ван Бомел ја критикуваше состојбата на „Вембли“, но и додаде дека лошиот терен не е причина за поразотна неговиот тим во Лигата на шампионите.

ПСВ во вторникот изгуби од Тотенхем со 1:2 и така остана без шанси за продолжување во нокаут фазата од Лигата на шампионите.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Осум дена претходно на „Вембли“ беше одигран НФЛ натпревар и поради тоа тревникот не беше во добра состојба.

„Теренот беше катастрофа. Беше навистина лош, но не се жалиме. Трениравме пред натпреварот и им кажав на играчите дека мораат да се навикнат на таквиот терен. Секако, сите сакаат добар терен, но и кога е таков морате да го прифатите“, изјав Ван Бомел за британските медиуми.

Исто така дефанзивецот на Тотенхем, Тоби Алдервилд го критикуваше тревникот.

„Не сакаме од тоа да направиме проблем, но теренот не беше доволно добар за да се игра фудбал“, изјави Алдервилд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Винисиус го наруши молкот после дебаклот во Лондон

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор за прв пат јавно проговори за вчерашниот тежок по…