Дома Фудбал Лига на шампиони Од Рома и понатаму бесни: Ни го украдоа финалето, ниe требаше да играме во Киев

Од Рома и понатаму бесни: Ни го украдоа финалето, ниe требаше да играме во Киев

Бурата во Рим никако да се стиши.

Талентираниот Турчин од редовите на Рома Ченгиз Ундер во интервјуто за „Беин Спорт“ повторно зборуваше за според него огромната кражба во Лигата на шампионите.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Ливерпул навистина добро го отвори првиот натпревар и подоцна поведе со 5:0, но потоа се уморија и ние ја искористивме приликата да им се доближиме и да постигнеме два погодоци.

Во Рим требаше да добиеме два пенали. Не сакам да ги критикувам судиите бидејќи сум млад, имам само 20 години, но тоа е вистина“.

„Ние требаше да играме во Киев во сабота, но судиите ни го украдоа финалето“, порача младиот напаѓач.

Да потсетиме, главен судија на реваншот помеѓу Рома и Ливерпул беше Словенецот, Дамир Скомина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ливерпул му се одмазди на Галатасарај и ќе бара реванш против ПСЖ

Ливерпул го совлада Галатасарај со 4:0 на “Енфилд” и со вкупен резултат 4:1 го…