Младиот сенегалски напаѓал Исмаил Сар игра солидна прва сезона во Премиер лигата во дресот на Ватфорд.
Засилувањето од Рен за 30 милиони евра имаше лош почеток на сезоната, но во последно почна да ги оправдува вложените средства.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
22-годишниот Сар доби богат договор во Премиер лигата, но парите не го променија. Поголем дел од парите тој ги дава на своето семејство кое живее во Сенегал.
„Кога потпишав договор веднаш на татко ми му купив стадо овци. Мојот татко е фармер и сега конечно има убава фарма. Голем дел од парите ги давам за семејството“, откри Сар.
На младиот Сенегалец совети му дава неговиот сонародник и ѕвезда на Ливерпул, Садио Мане со кого се одлични пријатели.