Дома Трансфер зона Конечно: Манчестер Јунајтед договори крилен напаѓач

Конечно: Манчестер Јунајтед договори крилен напаѓач

Раководството на Манчестер Јунајтед е во завршни преговори со Ватфорд за трансфер на Исмаил Сар и се очекува трансферот да биде комплетиран до крајот на денот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Откако пропадна можноста за трансфер на Осман Дембеле, „црвените ѓаволи“ се насочија кон 22-годишниот крилен напаѓач на Ватфорд.

Сар пристигна во Ватфорд минатата година за 30 милиони фунти, но откако клубот испадна во Чемпионшип се очекува неговата цена да се намали.

Манчестер Јунајтед веќе има договор со играчот и во моментов двата клуба ги договараат последните детали.

Крилниот напаѓач беше приоритет за Јунајтед во овој трансфер прозорец. Прва меча беше Џејдон Санчо, а како алтернатива се споменуваше Осман Дембеле, но клубот не успеа да го комплетира тие трансфери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…