Дома Фудбал Италија Од Наполи се огласија: Не бевме ние тие кои одлучија да не одиме во Торино

Од Наполи се огласија: Не бевме ние тие кои одлучија да не одиме во Торино

Многу прашина во италијанските медиуми се крена откако Наполи не отпатува во Торино каде што вчера требаше да го одигра дербито од 3. коло во Серија А против Јувентус.

Имено, локалните здравствени власти наводно му забраниле на Наполи да патува во Торино. Прво се пишуваше дека здравствените власти забраниле, за потоа тие да тврдат дека само им препорачале да не патуваат. Што точно се случувало веројатно знаат само тие.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Очекувањата се натпреварот Јувентус да го добие со службени 3:0, Наполи секако ќе се жали. Во Наполи се лути што Серија А не прифати натпреварот да се одложи. Денес за италијанските медиуми се огласи правниот застапник на Наполи.

„Не е Наполи тој кој одлучи да не оди во Торино. Ако Наполи отпатуваше ќе беше изложен на казни и здравствени ризици. Ако утре спортскиот судија одлучи да го регистрира натпреварот со службени 3:0 ќе испрати лош сигнал. Наполи немаше избор, играчите беа спремни да патуваат, меѓутоа не смеаа тоа да го направат“, изјави Матија Гарсини, правниот застапник на Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Аморим е свесен каде дојде: Не чека уште многу страдање!

Рубен Аморим викендов со реми против Ипсвич од 1:1 дебитираше на клупата на Манчестер јуна…