Горан Пандев важи за вистинска легенда на Серија А овие денови откако стигна до бројката од 100 гола во Серија А текстови со големи пофалби за него можат да се прочитаат во голем број медиуми во регионот.
Сега текст за Пандев направи хрватски „Индекс“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Македонскиот ас веќе долго време размислува за пензија, но тоа што стигна до 100 гола во Серија А покажува дека донел добра одлука што останал во копачките најмалку до летото кое доаѓа. Така во кариерата ќе го забележи и првиот историски настап на ЕП со неговата Македонија која избори пласман со неговиот гол во клучниот натпревар“.
Во текстот Пандев се опишува како еден од најдобрите играчи од балканските простори на сите времиња.
Се потсетуваат како Интер го доведе на почетокот на кариерата за 25.000 евра.
„Во 2002 година Интер го доведе во У19 тимот за безначајни 25.000 евра па ако, помине – помина. После само еден месец беше испратен на позајмица во Специја која играше во третата лига во Италија, а една година подоцна во Анкона која залута во Серија А. Во клубот кој доаѓаше од градот кој има околу 100.000 жители Пандев собираше искуство со играње на највисоко ниво, но над се – учеше како се губи. Анкона во првите 28 кола во сезоната 2003/2004 беше без победа, а на крајот имаше само 21 постигнат гол и 70 примени. Освои само 13 бодови, тимот користеше дури 46 играчи и тие ќе останат запаметени како најлошиот тим кој некогаш бил дел од најсилната конкуренција“.
„Иако играше во таков тим, Пандев покажа доволно во првите 20 лигашки натпревари за да се задржи во Серија А, но не да се врати во Интер. „Нероаѕурите“ со финаниската оштета го отстапија на Лацио со 50% од неговиот договор за да го доведат Станковиќ. Една годин подоцна преостанатите 50% ги препушти на Удинезе во склоп на трансферот на Давид Пизаро. Во римскиот клуб Пандев помина пет ипол сезони. Тој период најдобро го памети по мајсторскиот гол во поразот од Јувентус во дебитантската сезона, освојувајќи го третото место во Серија А во 2007 и Купот на Италија во 2009. Голот против италијанскиот гигант беше негов втор за Лацио, а го постигна така што си поигра со Канаваро, Турам и Замброта, едни од најдобрите дефанзивци во светот во тоа време“, стои во текстот.
Целиот текст посветен на Пандев можете да го прочитате – тука.