По историскиот пласман во Лигата на шампионите, фудбалерите на Њукасл имаат сезона за заборав.
Причините за лошите резултати се исклучиво огромна серија повреди, а последната е најтешката – Свен Ботман ги скина предните вкрстени лигаменти и го чека пауза до крајот на 2024 година. Ботман веќе неколку пати беше повреден од почетокот на сезоната и сега сезоната за него дефинитивно е завршена.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Статистиката покажува дека Њукасл во ниту еден момент не е комплетен од почетокот на сезоната. Сите линии на тимот се здобија со сериозни повреди, голманот Ник Поуп на есен го измести рамото, поради што се очекува да се врати дури во април.
Покрај Ботман, во одбраната се повредија и Фабијан Шер и Тони Ливраменто, Џоелинтон е надвор од терените од јануари, како и напаѓачите Александар Исак и Калум Вилсон, кои се менуваа со клупските лекари.
Харви Барнс на почетокот на сезоната заработи тешка повреда поради која ја пропушти цела есен, а на тоа треба да се додаде и суспензијата на Сандро Тонали.