Дома Македонски спорт Од 2017 до денес Македонија само еднаш била поразена во март!

Од 2017 до денес Македонија само еднаш била поразена во март!

Македонската репрезентација вечерва игра натпревар против Португалија во Порто во кој ќе се обиде да се избори за пласман на Светското првенство.

Португалија е фаворит, но беа и Италија и Германија пред една година, па знаеме како поминаа..Она што е заедничко за Италија и Германија е тоа што двата натпревари ги игравме во март, а ако погледнеме наназад оваа Македонија блеска во март од 2017 година.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Имено од 2017 година до денес македонската репрезентација во март одиграла 10 натпревари и во нив имаме само еден пораз, оној од Романија со 3:2 кога несреќно бевме поразени. Во тие 10 натпревари имаме уште шест победи и три нерешени натпревари со гол разлика 21:7.

НАТПРЕВАРИ ВО МАРТ: (2017) Лихтенштајн – Македонија 0:3, Македонија – Белорусија 3:0, (2018) Финска – Македонија 0:0, Азербејџан – Македонија 1:1, (2019), Македонија – Летонија 3:1, Словенија – Македонија 1:1, (2021), Романија – Македонија 3:2, Македонија Лихтенштајн 5:0, Германија – Македонија 1:2 (2022) Италија – Македонија 1:2…

Фото: Димитар Петковски

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Ова беше најпрофитабилното Ел Класико досега. Еве колку заработи Барселона.

БАРСЕЛОНА во неделниот натпревар за четврти пат оваа сезона го совлада Реал Мадрид. Во ушт…