Во натпреварот од 5. коло во Лигата на шампионите ПСЖ оствари важна победа против Манчестер Јунајтед од 3:1. После овој триумф ПСЖ се изедначи на табелата во групата со Манчестер Јунајтед и Лајцпиг со по девет бода.
Одлучувачки момент на натпреварот можеби беше кога Бразилецот Фред на стартот на второто полувреме доби втор жолт картон и така го остави на цедило својот тим. Гостите тоа го искористија и со головите на Маркињос и Нејмар дојдоа до победа. ПСЖ сега е втор, а во последното коло ќе игра против турскиот Башакшехир.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фред вториот жолт картон го доби поради прекршок, а првиот после расправија во која со глава го турна Паредес. Мајкл Овен, легендарниот англиски фудбалер смета дека Фред во таа ситуација требало да добие директен црвен картон.
Fred gets away with a potential red card 👀👀👀👀 pic.twitter.com/7zptCMBK0K
— Back Again With Troopz Podcast (@backagain) December 2, 2020
„Тоа беше чист црвен картон. Возрасен човек не смее да направи таква глупост и да донесе проблеми за целиот тим. Ако јас сум тренер и мој играч направи такво нешто, тој веќе никогаш не би заиграл. Сепак не е само Фред виновен. Солскјер е тренер и требаше брзо да реагира и да го замени Фред кога виде што може да се случи во продолжение“, изјави Овен.
Во последното коло Јунајтед без Фред ќе игра против Лајпциг и во тој дуел на „црвените ѓаволи“ ќе им биде доволно и реми за пласман во следната фаза.