Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед ги изненади фановите на овој клуб со својата изјава дека „црвените ѓаволи“ не требало да добијат пенал во последната минута против ПСЖ.
Ќе потсетиме, „црвените ѓаволи“ се пласираа во четвртфиналето од Лигата на шампионите откако го победија Пари Сен Жермен на гостински терен со 1:3. Одлучувачкиот гол го постигнаа во 92-та минута преку Рашфорд од пенал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, Мајкл Овен смета дека тој пенал не требало да биде досуден.
„Кога би ја погледнале таа ситуација од неутрална страна, тоа не би било пенал ниту во милион години. Раката беше во неприродна положаба. За мене тоа не е пенал“, изјави Овен.
Претходно и уште еден поранешен фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд изјави дека најсторгата казна не требало да биде досудена.
„Нема шанси тоа да е пенал. Ниту еден судија не може да ме убеди во тоа. Јасно, мило мие што Манчестер помина, но не ја сфаќам таа одлука. Ако ова е некое ново правило, тогаш е погрешно“, изјави Фердинанд.
Секако, во овој момент ниту еден навивач на Манчестер Јунајтед овие работи не го интересираат премногу бидејќи нивниот клуб е во четвртфиналето и сега можат да бидат сконцентрирани на ждребот и противникот кој ќе го добијат.
Man Utd penalty: The stunning pictures that PROVE VAR was correct vs PSG https://t.co/6qTHDlcPAQ pic.twitter.com/876y1F9Y1Z
— Cleansheet (@Cleansheet) March 6, 2019