Дома Фудбал Италија Ова се 8-те клуба во Серија А кои бараат прекин на првенството

Ова се 8-те клуба во Серија А кои бараат прекин на првенството

Раководството на италијанската прва фудбалска лига после состанокот во понеделникот доцна навечер објави соопштение во кое се донело одлука сезоната 2019/2020 да биде завршена ако властите го дозволуваат тоа. Меѓутоа медиумите објавија дека дури осум клуба од Серија А не сакаат да играат и тие барале прекин.

„Серија А ја потврди својата намера за завршување на спортската сезона 2019/2020 ако тоа Владата го дозволи со целосно придружување за заштита на здравјето и сигурноста“, стои во дел од соопштението на Серија А.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Но, според она што го објавија медиумите: Бреша, Торино, Сампдорија, Удинезе, СПАЛ, Џенова, Фиорентина и Каљари се против таквата одлука и сметаат дека ризикот е преголем и не може да се предвиди. Од тие осум клубови најдобро пласиран е Каљари на 12. позиција.

Во петокот Италијанската федерација објави дека се планира сезоната да продолжи кон крајот на мај или почетокот на јуни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…