Одличниот Португалец Кристиано Роналдо во вторникот со хет-трик го одведе Јувентус во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Роналдо беше незапирлив против Атлетико Мадрид и така уште еднаш ја покажа својата класа. Роналдо вчера добиваше пофалби од сите страни, меѓутоа после натпреварот помеѓу Барселона и Лион ја доби онаа која сигурно е од оние со поголемо значење.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Имено, Роналдо доби пофалби од својот долгогодишен ривал во европскиот фудбал Лионел Меси.
Меси после натпреварот кој Барселона го доби со 5:1 беше сосема јасен.
„Навистина она што Роналдо го направи со Јувентус е импресивно. Мислев дека ќе им биде потешко против Атлетико, но Роналдо имаше волшебна ноќ. Во таа волшебна ноќ успеа да постигне хет-трик и да му обезбеди четвртфинале на својот тим“, изјави Меси.
Во петок е ждрепката за Лигата на шампионите, а топчињата би можеле да ги спојат Јувентус и Барселона, тоа би значело и дека ќе видиме нов судир помеѓу Меси и Роналдо.
„Ова е завршна фаза и ќе биде тешко кого и да извлечеме, сите тимови кои стигнале до тука мораат да имаат квалитет“, изјави Меси.
Барселона противникот во четвртфиналето каде што се уште Јувентус, Манчестер Јунајтед, Тотенхем, Порто, Ајакс, Ливерпул и Манчестер Сити ќе го дознае утре на ждрепката која е закажана за во 12:00 часот.