Дома Луд Спорт Ова е неверојатно – Шпанија ја победи Црна Гора со 22:0

Ова е неверојатно – Шпанија ја победи Црна Гора со 22:0

Репрезентациите на Шпанија и Црна Гора го одиграа натпреварот од првото коло од Европското првенство, а по 80 минути игра резултатот беше 22:0.

Не е ниту ракомет, ниту одбојка, станува збор за фудбалски натпревар У17 и тоа женската репрезентација. 22:0 по двете полувремиња од 40 минути, каде што Црна Гора успеа да добие два жолти картони во 39. и 71. минута.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Првата ѕвезда во натпреварот кој што тешко може да се повтори беше Клаудиа Пина, која настапува за тимот на Барселона, а постигна осум гола. Два во првото и шест во второто полувреме.

Фудбалерката Мартин ја затресе мрежата на Црногорките со гол во 11. минута. Нејзината колешка од репрезентацијата, Наваро постигна четири гола, Мартин даде гол два пати, Виламала три, Руиз беше стрелец два пати, а Монтес еден за една од најголемите победи во историјата на модерниот фудбал.

Оние 15 минути од полувремето воедно беа и најголемиот период во кој гостите од Црна Гора не примија гол. Најголемата пауза помеѓу два гола на Шпанија во овој натпревар беа почетните 11 минути, еднаш 10 и девет минути.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Хаос на трибините, братот на Јокиќ нападна навивач🎥

Кошаркарите на Денвер синоќа на драматичен начин го совладаа Лос Анџелес Лејкерс во НБА пл…