Eден од најдобрите фудбалери во историјата Бразилецот Роналдо ја избра според него идеалната постава на сите времиња во која немаше место за Португалецот, Кристиано Роналдо.
„Вистинскиот“ Роналдо како што многумина сакаат да го нарекуваат, во нападот се стави и себе си, а покрај него пронајде место и за ѕвездата на Барселона, Лионел Меси.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Во идеалниот состав на двократниот освојувач на трофејот за најдобар фудбалер во светот се уште: Џанулуиџи Буфон, Роберто Карлос, Паоло Малдини, Фабио Канаваро, Кафу, Зинедин Зидан, Андреа Пирло, Диего Марадона и Пеле.