Карим Бензема беше главната ѕвезда во Париз каде што ја освои својата прва „Златна топка“ во кариерата.




Французинот блесна во дресот на Реал Мадрид и беше најаслужен за успесите на „кралевите“. Затоа сосема заслужено доминатно ја освои „Златната топка“. Скоро сите новинари во изборот на прво место го ставиле Бензема.




Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Така гласал и македонскиот новинар од „Вечер“, Марио Сотировски. Во неговиот избор зад Бензема место добија Де Брујн, Левандовски, Салах и Рафаел Леао.




Златната топка Бензема ја освои со 549 поени, Мане освои 193, Де Брујн 175, Левандовски 170, Салах 116…
