Maкедонија неодамна беше потресена од смртта на младиот навивач на Вардар, Никола Саздовски – Саздо кој беше претепан на автобуската станица во Автокоманда.
Обвинителстото денес поднесе предлог за продолжување на притворот на двајцата осоминчени за убиството.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во соопштението се наведува дека обвиниетите на 29 јуни 2018 година околу 17:45 часот на булеварот „Александар Македонски“ во Скопје, на автобуската станица пред фабриката Алкалоид се доближиле до Саздовски и му побарале лична карта.
Навивачот на Вардар им ја покажал личната карта, а во тој момент тие започнале со да го удираат со боксови во пределот на градите и главата. Од силните удар тој паднал на земјата, а обвините продолжиле да со удирањето.
Од тежината на повредите Саздовски изгубил свест и бил пренесен во Клиничкиот центар „Мајк Тераза“, на 9-ти јули тој им подлегна повредите.
Ден потоа вардаровите навивачи како голем херој го испратија Саздо во неговото вечно почивалиште.
Ќе потсетиме, МВР се уште трага по третиот осомничен.