Дома Останати Тенис Објавен разговор помеѓу Ѓоковиќ и граничната полиција: Ми давате 20 минути да ви обезбедам докази во четири наутро!?

Објавен разговор помеѓу Ѓоковиќ и граничната полиција: Ми давате 20 минути да ви обезбедам докази во четири наутро!?

Федералниот суд на Австралија објави докуементи во кои стои транскрипти од разговорот на Новак Ѓоковиќ и претставниците на граничната полиција на аеродромот.

Ѓоковиќ со проблем се соочи по слетувањето во Мелбурн кога му беше укината визата. Тогаш на Ѓоковиќ му беше кажано дека нема доволно документи за да го оправда медицинскиот исклучок.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Утрово по средноевропско време заврши судењето на жалбата на Ѓоковиќ, судот донесе одлука во корист на Ѓоковиќ, меѓутоа за конечна одлука ќе почекаме до вечерва како што е најавено околу 22-23 часот (средноевропско време).

РАЗГОВОРОТ ПОМЕЃУ ЃОКОВИЌ И ГРАНИЧНАТА ПОЛИЦИЈА ПО СЛЕТУВАЊЕТО:

Граничниот службеник: Се обидов да ви објаснам, поради тоа ви дадов прилика да ми ги обезбедите документите кои тениските органи ги испратија на тениските власти?

Ѓоковиќ: Но тоа не можам да ви го обезбедам ако немам шанса да зборувам со нив.

Граничниот службеник: Да

Ѓоковиќ: Немам прво никакви права. Тоа е помеѓу Тениската асоцијација на Австралија федералните власти и претставници на Викторија. Мене и на мојот агент ни е кажано дека можеме да комуницираме само со Тенискиот сојуз.

Граничниот службеник: Мхм…

РАЗГОВОРОТ ПРОДОЛЖУВА ВО 3:55 ЧАСОТ НАУТРО:

Граничниот службеник: Новак, на основа на информациите кои ни ги обезбедивте ќе ви кажам дека разгледуваме да ви ја укинеме визата. Ќе ви ги прочитам сите информации.

Ѓоковиќ: Не разбирам, ќе ми ја укинете визата?

Граничниот службеник: Кога официјално ќе ви соопштам ќе имате околу 20 минути време да не известите зошто тоа не треба тоа да го направиме.

Ѓоковиќ: Не разбирам што барате од мене. Ви ги обезбедив сите документи кои Тенискиот сојуз на Австралија и Владата Викторија ги бараа од мене во последните три-четири недели. Мојот агент и јас цело време бевме во контакт со нив.

Граничниот службеник: Да.

Ѓоковиќ: Тие ми одобрија исклучок од вакциниција. Се пријавив, ми одобрија. Навистина не знам што да ви кажам. Немам ништо повеќе. Дојдов тука затоа што ги имав тие документи, ако не беше така немаше да доаѓам. Не разбирам што е причината, поради што не ми дозволувате да влезам во земјата? Чекам четири часа и не ми е јасно што е главната причина? Недостасува документ? Информации?

Граничниот службеник: Ќе ви ги прочитам сите информации и ќе ви дадам копија. Се пишува тука. Но морате да поминете низ овој процес и потоа да дадете објаснување. Можете да ми го дадете мене после 20 минути.

Ѓоковиќ: Ми давате 20 минути да ви обезбедам информации кои ги немам во четири часот наутро? Ме ставате во незгодна позиција. Не можам во четири наутро да го барам директорот.на Тенискиот сојуз на Австралија или било кого од владата на Викторија. Ова е непријатна ситуација. Не знам што да ви кажам. Имам се што баравте од мене. Не би бил тука пред вас да не е постапувано според правилата кои ги поставува вашата власт. Не знам…Шокиран сум што сакате да ми ја откажете визата. На основа на што?

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

„Бомба“: Серхио Рамос во Премиер лигата

Легендарниот дефанзивец Серхио Рамос би можел кариерата да ја продолжи во Премиер лигата. …