Многу бурни реакции во јавноста предизвикаа исечоците кои ги објавуваше Пирс Морган од интервјуто со Кристијано Роналдо кое е во два дела.
Првиот дел излезе вчера, а истиот може да се погледне на каналот на Пирс Морган. Роналдо во него зборува Гери Невил, Вејн Руни, младите фудбалери…Делот кој привлече најмногу внимание веројатно е оној во кој зборува за можниот трансфер во Манчестер Сити.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Искрено, бев блиску до Сити. Пред две недели Гвардиола рече дека вложиле сериозни напори да ме доведат. Но, ја знаете мојата историја со Манчестер Јунајтед. Моето срце му припаѓа на овој тим и ми кажа каков избор да направам. Ова беше пресудно за мојот избор. Но, би излажал ако кажам дека не бев блиску до договор со Манчестер Сити. На крајот донесов одлука и не се каам за тоа“, изјави Роналдо.
Вториот дел од интервјуто ќе излезе вечерва.