Целиот свет е во шок после информацијата дека денеска почина Диего Марадона.
Аргентинските медиуми објавија дека Марадона имал срцев удар, а набрзо после тоа потврдија дека не успеал да се спаси и за жал починал.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Оваа вест го шокираше целиот свет бидејќи Марадона навистина беше посебен човек. Не напушти еден од најдобрите играчи на сите времиња, а 2020. година продолжи да биде ужасна.
После потврдата за неговата смрт се огласи и Наполи каде Марадона ги помина наубавите години од својата кариера. Марадона е икона во Наполи, а смртта ги потресе сите во градот.
Наполи само кратко се огласи на Твитер и јасно е дека и самите во клубот не веруваат дека Марадона повеќе го нема. Поради тоа нивната објава посебно го погоди фудбалскиот свет.
„Засекогаш. Чао Диего.“ – напишаа од Наполи.
Per Sempre ?
— Official SSC Napoli (@sscnapoli) November 25, 2020
Ciao Diego pic.twitter.com/LzppqlBqLV