Реал Мадрид фуриозно го започна натпреварот со Борусија Дортмунд и после само 13 минути водеше со 2:0 со головите на Роналдо и Мајорал.
Меѓутоа гостите од Дортмунд не се предадоа и со двата гола на Обамејанг во 43-та и 49-та минута стигнаа до израмнување.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Африканскиот напаѓач има свое шоу на „Сантиаго Бернабеу“, пред очите на Флорентино Перез и Зинедин Зидан, кои се во потрага по напаѓач во јануарскиот преоден рок.
Обамејанг е во расправија со раководството на „милионерите“ и не крие дека негов сон е да го облече белиот дрес, па вечерва му испрати јасна порака на Перез – „дојди и купи ме“.