Напаѓачот на Арсенал, Пјер Емерик Обамејанг одби да го продолжи договорот со „топџиите“ и на лето најверојатно ќе го напушти „Емирати“.
Англиските медиуми тврдат дека Габонецот го известил раководството на „топџиите“ дека сака да ја промени средината и го известил агентот да му бара нов клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Изминатите месеци се шпекулираше дека за него се заинтересирани Реал Мадрид и Барселона, но последните информации се дека може да остане во Премиер лигата.
Челзи и Манчестер Сити внимателно ја следат ситуацијата околу Обамејанг, а „граѓаните“ веќе ги повлекле првите потези за негов ангажман.
Гвардиола е во потрага по напаѓач и смета дека Обамејанг ќе биде идеална замена за Кун Агуеро, па е спремен да плати 60 милиони евра, колку што бара Арсенал.