Иако во претходните неколку дена се појавија информации дека Мануел Ноер не сака да го продолжи договорот со Баерн Минхе, сепак гигантот од Минхен утрово објави продолжување на соработката.
Новиот договор на Ноер ќе има важност до 2024 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Среќни сме што Мануел Ноер го продолжи договорот до 2024. Тој е тука од 2011, тој е наш капитен и најдобриот голман во светот. Мануел е наша голема поддршка на теренот и надвор од него. Ќе продолжи да има клучна улога во нашите цели“, изјави спортскиот директор Салихамиџиќ.
Задоволство од продолжувањето на соработката истакна и Ноер.
„Среќен сум што продолжувам тука, повторно ќе имаме тим со кој можеме да се бориме за титули. Како голман, капитен и лидер сакам да имам важна улога во нашите цели. Ќе продолжиме да атакуваме на сите трофеи дома и во Европа“, истакна Ноер.