Андреа Пирло важи еден од најдобрите играчи во средниот ред, а дека неговото мајсторство се уште го има иако денес работи како тренер и работат му е друга потврди новото засилување на Јувентус, Весто Мекени.
Американецот од редовите на Јувентус е импресиониран од она што го видел на тренинзите во редовите на италијанскиот шампион.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мекени истакна дека Пирло некогаш игра со играчите од тимот и покажува дека се уште може да се „мери“ со далеку помладите од него.
„Понекогаш игра со нас и се уште ја има елеганцијата и ноншалантноста, а во исто време не можете и топка да му земете. Навистина е одлично што имам прилика тој да ми биде тренер“, изјави Мекени.