Дома Фудбал Новото засилување на Реал Мадрид повторно се повреди

Новото засилување на Реал Мадрид повторно се повреди

Новиот напаѓач на Реал Мадрид, Лука Јовиќ повторно се повреди и најверојатно ќе се рехабилитира најмалку две недели.

Јовиќ заработи повреда за време на квалификацискиот натпревар помеѓу Србија и Португалија во саботата.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Станува збор за повреда на десниот глужд поради која ќе мора да одмара најмалку десетина дена, потврдија српските медиуми.

Јовиќ немаше среќа и заработи повреда само за неколку минути поминати на теренот, со оглед на фактот што во игра влезе во 87-та минута.

Ова е втора повреда за Србинот откако летово пристигна во Реал Мадид. Најпрво се повреди во пријателски дуел во претсезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Њукасл спремен да го пушти Исак во Ливерпул

Bританските медиуми во петокот објавија дека раководството на Њукасл очекува нова понуда о…