Дома Basketball Дончиќ пред суспензија – му се заканува и скратување на платата!

Дончиќ пред суспензија – му се заканува и скратување на платата!

Кошаркарите на Денвер Нагетс ги совладаа Лос Анџелес Лејкерс со резултат 120:113 во натпревар кој го одбележа дуелот меѓу Никола Јокиќ и Лука Дончиќ. Јокиќ го предводеше Денвер до победа со нов трипл-дабл учинок од 28 поени, 12 скокови и 13 асистенции. Од другата страна, Дончиќ за Лејкерс забележа 27 поени, 11 скокови и седум асистенции, а неговиот настап беше обележан со техничка грешка која го стави на прагот на автоматска суспензија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Словенечкиот кошаркар доби техничка грешка за време на првото полувреме поради приговори на судиите. Одлуката беше изненадување и за самиот Дончиќ, кој побара објаснување, но судиите не ја променија. И покрај тоа што сметаше дека не направил нешто спорно, ова му беше 15-та техничка грешка во сезоната.

Според правилата на НБА лигата, шеснаесетата техничка грешка во сезоната автоматски носи суспензија на една натпревар. Тоа значи дека Дончиќ е само една техничка оддалечен од казнување. Во случај на суспензија, играчот не само што ќе пропушти натпревар, туку и нема да добие плата за истиот. Потоа, дополнителната суспензија ќе следи на секои две следни технички грешки.

Табела обезбедена од Sofascore
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Basketball