Федерер е избран за странска спортска личност на годината во изборот на британската медиумска служба „BBC“.
Ова за Швајцарецот е четврти пат да добие вакво признание, со што ги надмина Мухамед Али и Усаин Болт.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Федерер оваа година стана првиот тенисер кој по осми пат го освои Вимплдон и го зголеми рекордот по број на Грен Слем титули на 19.
„Многу сум горд што британската јавност ме избра за странска личност на годината. Неверојатна е поддршката што ја добивам од гледачите во Британија кога и да дојдам. Почестен сум што се наоѓам на листата покрај големи спортисти“, изјави Федерер.