Tимот на Воска Спорт е прилично активен во јануарскиот преоден рок, а последно засилување е голманот Костадин Захов.
Захов во редовите на Воска пристигнува како слободен фудбалер откако пред неколку дена ја заврши својата незаборавна ера во Шкендија. Захов остави длабока трага во Шкендија бидејќи голот на овој клуб го чуваше цели осум сезони и освои пет шампионски титули и два национални Купа.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Од редовите на Воска не го криеја задоволството што успеале да го убедат 36 годишниот голман да им се придружи.
Пред Шкендија го носеше дресот на Брегалница, Хоризонт Турново, Беласица и Вардар.