Францускиот прволигаш Монако во последните години во светот на фудбалот е познат по добрите трансфер зделки.
Со таквиот тренд продолжија и во текот на овој трансфер период, а новото име во Монако е младиот Бенџамин Хенрикс, германски фудбалер кој инаку се смета како наследник на легендарниот Филип Лам.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во Германија е етикетиран како еден од најголемите таленти, што и не чуди ако се земе во обзир дека со само 19 години дебитираше за селекцијата, а во Монако пристугнува од Леверкузен за 25 милиони евра.
„Хенрикс е талентиран десен бек кој има прилично национално и меѓународно искуство и сигурен сум дека ќе допринесе во натамошните успеси на нашиот тим.“ – изјави извршниот директор на Монако.
Хенрикс со Монако потпиша петгодишен договор, а дебито за новиот клуб би можел да го има веќе во недела во дербито против Олимпик Марсеј.