Дома Фудбал Италија „Новиот Пирло“ не сака да личи на Пирло

„Новиот Пирло“ не сака да личи на Пирло

Еден од најголемите италијански таленти, 19-годишниот Сандро Тонели ја разбранува јавноста поради тоа што ја кажа причината поради која ја скратил долгата коса.

Младата ѕвезда на Бреша веќе го доби епитетот „новиот Пирло“, бидејќи многу наликува на легендата, не само по стилот на игра, туку и по имиџот.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Меѓутоа, споредбите му пречат на Тонели, па реши да го промени имиџот и да ја скрати косата.

„Играме на иста позиција и тоа е се. Мислам дека повеќе ме споредуваат со него заради фризурата, затоа ја скратив косата“, изјави Тонели, на кого идол му е Џенаро Гатузо.

„Ако веќе мораат да ме споредуваат, тоа нека биде со Џенаро Гатусо. Јас сум играч како него“, вели Италијанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челси нуди тројца играчи на Астон Вила во обид да реализира скап трансфер

Се очекува Челси да го следи играчот на Астон Вила, Морган Роџерс, до крајот на овој летен…