Дома Фудбал Останато „Новиот Пеле“ денеска го слави својот 20. роденден – По награди и трофеи е подобар од Роналдо и Меси

„Новиот Пеле“ денеска го слави својот 20. роденден – По награди и трофеи е подобар од Роналдо и Меси

Килијан Мбапе денеска го слави својот 20. роденден.

Речиси неверојатно звучи податокот дека младиот Французин до сега во кареирата освои 15 трофеи и награди од кои шест тимски и девет индивидуални. Највреден трофеј е се разбира титулата светски шампион кој оваа година ја освои со Франција, а со репрезентацијата пред две години го освои и Европското првенство до 19 години. Со ПСЖ минатата сезона освои тројна круна, а титулата шампион на Франција ја крена и во дресот на Монако.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кога станува збор за индивидуалните награда, Мбапе за сега го освои Копа трофејот, за најдобар млад играч во 2018. година, „Golden Boy“ наградата за најдобар млад играч во 2017. и наградата за најдобар млад играч на Светското првенство. Исто така е и во најдобриот состав на Светското првенство со што стана првиот тинејџер во најдобрите 11 во светот по изборот на ФИФА, по два пати е избран во најдобрито состав во Лига 1 и најдобриот состав на млади гирачи во Лига 1.

Во 150 натпревари во кариерата постигна 73 гола, а бројот на трофеи и награди кои Мбапе ги оствари со само 20 години е импресивен, а за освојување на Лигата на Шампионите и Златната топка е само прашање на време. Само за споредба, Меси до 20 години имаше 13 трофеи/награди, а Роналдо „само“ четири. Со право се поставува прашањето, каде е крајот на Мбапе!?

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вокер жртва на напади, Сити застана во негова одбрана

Кајл Вокер беше цел на напад на навивачите на Сити. Англискиот репрезентативец на социјалн…