Новинарката од Косово, Зана Авдиу добива навредни и закани откако го искристува репрезентативецот на Швајцарија Гранит Џака.
Швајцарија ја победи Србија и обезбеди место во нокаут фазата на Мундијалот во Катар. Натпреварот беше преполн со тензија и неспортски работи. Еден од оние кои најмногу се истакнаа беше Џака кој и се фати за меѓуножјето.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Таквиот гест на Џака го критикуваше новинарката Авдиу која го нарече потегот срамен.
„Ретко кој не ја сподели таа фотографија, тоа значи нулта ниво во некоја наша држава“, коментираше Авдиу.
Поради тоа доби сериозни закани, па во јавноста се огласи и нејзиниот адвокат Арианит Кочи.
„Може да не се согласуваме со нејзиниот став и тоа е нормално, но вакви закани се недозволиви за еден цивизилизирна свет. Тоа што се вперува прстот кон неа од јавни личности само ги зголемуваат тие закани“, изјави Кочи.