Златан Ибрахимовиќ одново имаше настап за медиумите само како што тој знае.
Напаѓачот на Лос Анџелес Галакси одлучи да ја поддржи шегата на ТВ водителот кој во текот на интервјуто го нарече Бог.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ибрахимовиќ со Галакси се избори за четвртфинале во плејофот откако ја победија Минесота со 2:1, а ден новинар покажа голем респект кон него нарекувајќи го Бог.
„Златан навистина го ценам вашето време. Многу пати разговарав со Бог, но ова е прв пат тој да ми одговори. Ви благодарам на времето кое го одвоивте“, му порача водителот на шведскиот напаѓач, а Ибра на тоа му одговори:
„Не се грижи. Кога и да посакаш може да разговараме. Бог е секогаш достапен. Само погледни кон небото и јас ќе ти одговарам на прашањето“, со сериозен тон одговори Швѓеанецот.