Дома Фудбал Репрезентации Нови критики за Пикси: Ни шутираа на секои три минути, чудни измени, чуден состав…

Нови критики за Пикси: Ни шутираа на секои три минути, чудни измени, чуден состав…

Поранешниот фудбалер, а сега аналитичар, Раде Богдановиќ уште еднаш го критикуваше селекторот на Србија, Драган Стојковиќ-Пикси по поразот од Шпанија.

Србија во Кордоба претрпе пораз од Шпанија со резултат 3:0.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


„Ако ни шутираат на секои три минути, а ние да не ги загрозиме ниту малку, тоа фрла сенка. Не требаше да изгледаме вака. Можеш да изгубиш 3:0, играше против Европски шампион, но против секого треба да играш фудбал. Кај нас цело време нешто се менува. Тоа не може да излезе на добро и загрижува за во иднина. Оваа Лига на Нации е добро натпреварување за да видете до каде сте“.

За Богдановиќ чудни се измените кои ги правел Пикси.

„Како да не тежнееме да направиме компактна група на играчи и носителите на играта. Чудни ми се изминете и составот. Овие деца не можат да го дадат својот максимум, секогаш зборував дека еден тренер може да уништи играч и тоа го потпишувам“, заклучи Богдановиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Еден корнер беше доволен Роналдо да ги загуби нервите и да „распали“ по судијата 🎥

Португалија и Шкотска вчера одиграа 0:0 во рамките од Лигата на Нации. Кристијано Роналдо …