Францускиот „Ле Парисиен“ објави информација дека Михаел Шумахер се наоѓа во болница во Париз.
Легендарниот возач на формула 1 веќе неколку години се опоравува од повредите здобиени на скијањето во Франција. Од тогаш за неговата состојба се знае многу малку, информации ретко се појауваат и никој негов близок не зборува јавно.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рано утрово „Парисиен“ објави дека Шумахер се лекува во Париз, а сега се појавија и детали.
Шумахер во болницата наводно се води под лажно име. Легендарниот возач бил внесен во болницата со темно сина прекривка и го следело обезбедување од околу десетина луѓе. Луѓето од обезбедувањето носеле бубици за комуникација за во ниту еден момент да нема некој случаен минувач во близина на Шумахер.
На Шумахер не смее да му се приближи никој освен членовите од неговото семејство.