Реномираниот турски весник „Фанатик“ денес пренесува нови информации за ситуацијата помеѓу Игор Ангеловски и Фенербахче.
Како што тврди „Фанатик“ пред Ангеловски е договор на три години, меѓутоа не се открива ништо кога се финансиските детали во прашање. И тука се наведува она од пред неколку дена дека Ангеловски е во најтесниот круг кандидати за нов стратег на турскиот гигант.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Се наведува дека навивачите не се баш најзадоволни што Ангеловски е еден од главните фаворити затоа што претходно првиот човек на клубот и ветувал големо тренерско име.
За Ангеловски пишува и познатиот италијански новинар, Николо Шира кој посочува дека покрај Ангеловски во игра се Ралф Рагник и Пауло Фонсека. Меѓутоа се потенцира дека со со двајцата стратези преговорите се стопирани и во овој момент во предност е Мрме.
No talks between #Fenerbahce and Ralf #Rangnick. The same situation for Paulo #Fonseca as I reported yesterday. Fener have instead talked with Igor #Angelovski (asks 3-years contract) yesterday. #transfers
— Nicolò Schira (@NicoSchira) July 1, 2021