Европската фудбалска федерација (УЕФА) има план од 2024 година да направи големи промени во Лигата на шампионите.
Англиските медиуми дојдоа до посед на нови детал иза реформите во ЛШ која од 2024 година ќе биде целосно поинаква од сегашната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Групната фаза ќе биде укината, а во лигата ќе има 36 тимови од кои шест ќе бидат од Премиер лигата. Би се играла по швајцарсиот систем така што секој тим ќе одигра 10 натпревари. Првите осум ќе обезбедат место во осминафиналето, додека екипите од 9. до 24. место ќе играат плеј-оф за пласман во осминафиналето.
Зошто Англија да има шест екипи?
Oдлуката e oд четирите нови места, две да бидат загарантирани за клубови со највисок коефициент, кои преку домашните лиги не би биле во групата на сигурни учесници. Бидејќи шесте англиски премиерлигаши се во првите 15 екипи на УЕФА рангирањето, практично многу извесно е дека би имале загарантирано место, особено што останатите девет од четирите земји со по четири претставници ги даваат останатите девет клубови со најдобар коефициент.
Наводно на конгресот на УЕФА во април идната година на дневен ред ќе биде ставена целата реформа на европските натпреварувања после 2024 година, а УЕФА веќе година дена води преговори за утврдување на сите детали.