Преодниот рок во Англија заврши пред два дена, а може да се каже дека го обележија клубовите кои изборија пласман во најелитното натпреварување во Англија.
Фудбалската јавност е изненадена од сумата која ја потрошија Фулам, Кардиф и Вулверхемптон. Англиските медиуми направија споредба со останатите екипи од Германија, Шпанија и Италија кои изборија пласман во најсилните првенства во своите земји.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, наведените клубови во Англија потрошија неверојатни 215 милиони евра. Во Серија А пласман изборија Емполи, Парма и Фросиноне и во досегашниот дел од преодниот рок заедно потрошија 25.6 милиони евра на засилува.
Во Германија место помеѓу најдобрите изборија Фортуна Дизелдорф и Нирмберг и до овој момент потрошија скромни 6.4 милиони евра. Во Шпанија во Примера оваа сезона ќе ги гледаме Хуеска, Ваљадолид и Рајо Ваљекано, а овие клубови заедно потрошија 10.6 милиони евра на засилувања.
Треба да се додаде дека во Италија преодниот рок завршува на 18 август, додека во Шпанија и Германија отворен е до крајот на овој месец, сепак според досега потрошените суми невозможно е да се доближат до Англичаните.
Uitgaven promovendi tot nu toe 18/19:
Bundesliga (Fortuna Düsseldorf, Nürnberg): €6.350.000
La Liga (Huesca, Real Valladolid, Rayo Vallecano): €10.600.000
Serie A: (Empoli, Frosinone, Parma): €25.600.000
Premier League (Fulham, Cardiff, Wolves): €214.900.000#DeadlineDay— Michel Doodeman (@micheldoodeman) August 10, 2018