Дома Актуелно Новак се врати со стил

Новак се врати со стил

Денеска на тениските терени се врати и славеше сигурна победа против Австралијанецот Доминик Тим со 6:1 и 6:4 после 63 минути тенис.

Новак не играше скоро 200 дена поради проблеми со повреда на лактот, а требаше да се врати на турнирот во Абу Даби. Сепак, ни тука, а ни покасно во Доха не играше поради нови проблеми со лактот, но сепак се врати на егзибициониот турнир во Австралија каде му отчита лекција на 5. тенисер на светот Доминик Тим.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Поранешниот број 1. одлично го отвори натпревароти брзо направи брејк, а потоа уште еден па првиот сет го освои со резултатот 6:1. Ѓоковиќ имаше малку повеќе проблеми во вториот сет, но тоа не се почуствува на резултатот бидејќи повторно славеше, овојпат со 6:4.

Новак денеска делуваше импресивно и на неговата игра не се почуствува дека паузирал околу шест месеци. Иако е во прашање егзибициски турнир овој натпревар им даде надеж на навивачите дека може да одигра добар Австралија Опен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Македонските тенисерки подобри од Косово

Со двете победи во сингл мечевите македонските тенисерки ја остварија и втората победа во …